Владислав Милановиќ е момче со српско потекло, кој со години живее и работи во Америка. Се ожени со Американката Миу и заедно снимаат видеа во кои го прикажуваат нивниот начин на живот и спојувањето на две дијаметрално различни култури.




Едно од видеата што тие ги споделија на нивниот канал и кое го виделе над 25 милиони луѓе е она каде Миа ја пробува најпознатата српска храна и пијалоци.




На трпезата меѓу другото имаше динстано гравче, ќебапи, ајвар, шопска салата, но и ракија.




Многу и се допадна шопската салата, а беше воодушевена и од вкусот на плескавицата, додека ќебапите не и паѓаа, па ги оцени со осум.




Најинтересно беше нејзиното дегустирање на ракија кое цело време го одложуваше. Сепак, таа мораше да го проба најпознатиот српски пијалок, кој не и беше „легло“. Миа прво стана од масата и побегна од камерата, а кога се врати успеа само да каже:




„ГОРАМ“, рече Миа и ги насмеа сите.











