Ова е една од оние исповеди кога се прашуваме дали можеме да им простиме на луѓето за сè.

Инес (34) од Лондон сподели со еден британски магазин шокантна исповед за настанот кој целосно ја исфрли од колосек – вечерта што ја помина со партнерот на нејзината мајка.

Знам како звучи ова и верувајте, и јас се презирав себеси со денови“, ја започнува својата приказна Инес.

„Но, едноставно…се случи“.

Advertisement

Вечерта нејзината мајка (51) била на службен пат. Инес остана сама со Мајкл (58), нејзиниот очув – човек кој го познава речиси 20 години, откако влегол во животот на нејзината мајка.

“Седевме во дневната соба, пиевме вино, гледавме стар филм. Ништо не планиравме… но атмосферата беше чудно опуштена, дури и интимна. И пред да знам – завршивме во кревет.”

Инес тврди дека утрото сè изгледало како маглив сон.

“Се разбуди збунет, мислеше дека лежи до мајка ми. Беше шокиран кога сфати дека сум јас. А и јас бев шокирана. Но, во исто време, почувствував чудна врска”.

По првичниот шок, работите уште еднаш излегоа од контрола.

„Се обиде да се тргне, рече дека сето тоа е грешка… но кога го прегрнав, не ме одби. И повторно завршивме заедно“.

Инес признава дека долго време фантазирала за оваа блискост со Мајкл, иако знаела дека тоа никогаш не треба да се случи.

„Со години гледав на него како на татковска фигура, но во исто време го гледав и како на маж. Звучи морничаво, но тоа е вистина. И во тој момент паднаа сите инхибиции“.

Кога нејзината мајка се вратила од патувањето, ситуацијата дополнително ескалирала.

“Мајкл и призна. Тој и ја кажа вистината. Таа полуде, излезе од дома и никогаш повеќе не разговараше со мене или со него”.

Сега, после се, Инес вели дека Мајкл и е на ум.

“Не можам да престанам да мислам на него. Знам дека тоа е погрешно, но се чувствувам како да изгубив некој кој навистина ме виде како жена за прв пат”.

Експертите велат: Бидете внимателни со чувствата

Психотерапевтите предупредуваат дека ваквите ситуации можат да имаат длабоки последици, како емоционални, така и семејни. Улогата на очувот и границите на семејните односи не треба да се бришат – дури и ако нема правни пречки.

„Можеби е легално, но емотивно тоа е многу лизгава патека“, вели терапевтот Џулија Метјуз. „Инес мора да разбере дека нејзините емоции не се знак на вистинска љубов, туку резултат на долгорочна емоционална конфузија.

Advertisement