Времето денеска претпладне во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.




Дневните температури во Скопје ќе достигнат 32 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 29, Битола 31, Крива Паланка 29, Берово 28, Кавадарци 33, Дојран 34.




Утре ќе имаме променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, на места и во форма на невреме. Дневните температури ќе се движат од 23 до 33 степени.




Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод, попладне во ридско-планинските предели со локален развој на облачност, понекаде со краткотраен дожд или врнежи со грмежи. Ќе дува слаб и умерен ветер од источен и југоисточен ветер.




Во поголемиот дел од денот ќе биде претежно сончево со повремена мала и умерена облачност. Слаб и умерен ветер источен и југоисточен. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува пообилна облачност која ќе услови повремени врнежи од дожд, врнежи со грмежи и засилен северен и северозападен ветер. За викендот во целата земја ќе биде умерено облачно и постудено со повремен дожд и врнежи со грмежи.











