За добро здравје потребна ви е шолја топла вода, две лажици свежо исцеден сок од лимон и лажичка мед – со редовно пиење на овој напиток ќе го зајакнете имунитетот и ќе бидете поздрави.
Луѓето се повеќе обрнуваат внимание на изборот на здрава храна и пијалоци, особено кога станува збор за она што го консумираме рано наутро, пред или за време на првиот оброк. Така, многумина полека се враќаат на стариот народен рецепт кој вели дека чаша вода со мед и лимон може да направи чуда за здравјето. Несомнено, станува збор за скромна, но многу моќна комбинација која може многу да придонесе за подобрување на вашето целокупно здравје, пишува Тајмс оф Индија.
1. Го зајакнува имунитетот
Витаминот Ц го поддржува функционирањето на имунитетот и делува како моќен антиоксиданс кој ги штити клетките од оксидативен стрес и на тој начин спречува појава на голем број болести. Покрај тоа, витаминот Ц го стимулира производството на бели крвни зрнца, кои се клучни за одбрана на телото од голем број инфекции. Медот, пак, е богат со витамини и минерали, а природниот шеќер што го содржи ќе придонесе за подигање на енергијата на организмот. Комбинацијата на овие две состојки ја зголемува хидратацијата на телото, го подобрува варењето и апсорпцијата на хранливите материи и ја забрзува детоксикацијата на телото.
2. Го подобрува варењето
Сокот од лимон го стимулира производството на жолчката во црниот дроб, што помага во апсорпцијата на хранливи материи и метаболизмот на мастите. Медот, покрај тоа, делува и како пробиотик, поттикнувајќи го растот на добрите бактерии во цревата. Така, оваа комбинација може да се смета за корисна против надуеност и запек.
3. Поддржува хидратација
Топлата вода помага за хидратација на организмот, а пријатниот вкус на медот и лимонот ни помага да пиеме повеќе течности. На тој начин, наутро ќе ви биде полесно да испиете полна чаша од тој пијалок отколку да се натерате да пиете обична вода. Добрата хидратација е корисна за здравјето на кожата, регулирање на телесната температура (особено сега кога е топло) и придонесува за добро функционирање на сите функции на телото.
4. Го заштитува здравјето на кожата
Антиоксидативното дејство на лимонот и благотворното дејство на медот придонесуваат за здравјето на кожата. Лимонот ќе помогне да се намалат брчките, темните дамки и пегите на кожата, додека медот помага да се задржи влажноста и да се промовира здрав и блескав тен. Со редовно пиење на овој пијалок, ќе се погрижите вашето внатрешно здравје да се рефлектира во изгледот на вашата кожа.
5. Помага и во детоксикација
Сокот од лимон делува како диуретик, па помага во исфрлањето на токсините преку урината. Медот, пак, го зајакнува црниот дроб, кој е задолжен за отстранување на отпадните материи од телото.











