Жан Калман – Жената што живееше 122 години
Жан Луиз Калман (21 февруари 1875 – 4 август 1997) била Французинка која доживеала 122 години и 164 дена – најдолгиот документиран живот во историјата. Нејзината долговечност привлекла големо внимание и станала предмет на бројни медицински истражувања.
Калман ги надживеала ќерката и внуката. Во 1988 година била прогласена за најстарата жива личност, а во 1995 – за најстарата личност што некогаш живеела.
Родена во богато семејство, Жан никогаш не работела. Имала слуги, се омажила за богат човек и целиот живот го посветила на хобија како мечување, возење велосипед, пливање, свирење пијано и дружење.
На 90 години, без наследници, склучила договор со нотар за доживотен престој и месечна рента во замена за својот имот. Иако статистиката предвидувала уште неколку години живот, таа го надживеала нотарот, а неговото семејство морало да продолжи да ѝ плаќа рента.
До 110-та година живеела самостојно, но се преселила во дом поради смрзнување на водоводот – бидејќи не го користела греењето.
Жан останала активна до крајот – на 114 години се појавила во филм, а на 115 години подлегнала на операција на колк. Возела велосипед, шетала, решавала крстозборки, и имала одлична меморија и смисла за хумор.
И покрај нејзината долговечност, таа не водела здрав животен стил. Пушела до 117 години, пила црвено вино и јадела до килограм чоколадо неделно. Но, никогаш не била сериозно болна и не пиела лекарства.
Таајната на нејзината долговечност:
-
Живеела активно и со многу движење.
-
Имала лоши навики, но умерено јадела и сакала зачини.
-
Живеела едноставно – без луксуз, често во студ.
-
Одржувала активен социјален живот и ментална свежина.
-
Се интересирала за уметност, музика и креативност.
Жан Калман останува симбол на активна и среќна старост.











