Надуеност после јадење и чувство дека храната е заглавена во стомакот „како камен“, чувство на тежина после обилни оброци, металоиди, мачнина или запек се само дел од бројните симптоми на луѓето кои патат од дигестивни проблеми.

За среќа, постои напиток кој го регулира варењето, го поттикнува исфрлањето на токсините и вишокот течности од телото и ја намалува надуеноста.
Неопходно е:

  • 1 литар вода
  • корен од ѓумбир (околу 4-5 см)
  • 5 ловорови листови
  • 2 црвени грејпфрути
  • 1 лимон
  • 1 лимета

Излупете го ѓумбирот, па исечкајте го на помали парчиња и ставете го во вода. Додадете ловорови листови и доведете до вриење, а потоа варете 7-8 минути.

Тргнете ја течноста од оган, оставете ја да се излади на собна температура, а потоа додадете свежо исцеден сок од лимон, лимета и грејпфрут. Ако немате лимета, додадете сок од два лимона.

Advertisement

Ќе добиете малку повеќе од еден литар пијалок кој можете да го пиете во текот на денот. Веќе по извесно време ќе почувствувате дека надуеноста е намалена и дека „тежината“ во стомакот ја нема.

Advertisement