На социјалните мрежи постојано се појавуваат шокантни видеа кои покажуваат низ што минуваат жртвите од земјотресите.




Серија силни земјотреси денеска ги погодија Турција и Сирија, а трагични вести за загинати и повредени пристигнуваат во секоја минута. Исто така, штетите во погодените градови се немерливи, многумина беа избришани од лицето на земјата и останаа само урнатини.




Истовремено на социјалните мрежи постојано се појавуваат шокантни видеа од Турција кои покажуваат низ што минуваат жртвите од земјотресите.




На една од нив, објавена на Твитер, се гледа како мајка од Елбистан на југот на Турција вика за помош бидејќи нејзините деца останале под урнатините.




Вториот, пак, ги прикажува шокантните моменти на жителите на домот за стари лица од Малатја и лицата со инвалидитет кои по бегството од земјотресот се смрзнуваат на студ чекајќи помош. пренесува нов











