Во Македонија утрово по котлините и по долините на реките се очекува локална краткотрајна магла, а во текот на денот променливо облачно, топло и нестабилно време со повремен дожд и краткотраен дожд со грмежи.

Попладне на север и запад суво со сончеви интервали.

Слаб и умерен ветер претпладне југоисточен, попладне вртење во западен и северозападен.

Утринската температура ќе се движи од 15 до 21 степени, а највисоката дневна од 30 до 33 степени.

Advertisement

Според прогнозата на Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) утре во Скопје ќе биде променливо облачно, топло и нестабилно.

Претпладне и пред пладне со краткотраен дожд или врнежи со грмежи, попладне суво со сончеви интервали.

Слаб и умерен ветер претпладне југоисточен, попладне вртење во западен и северозападен.

Утринската температура ќе се движи од 18 до 21 степен, а највисоката дневна околу 33.

Во Македонија во следните седум дена се најавува променливо облачно, нестабилно и топло време со промена на сончеви и облачни интервали и локални краткотрајни врнежи со грмежи кои се очекуваат во недела во ридско-планинските предели, а од понеделник во други области.

Во недела максималната температура на повеќето места е од 30 до 33 степени, а од понеделник ќе биде малку посвежо.

Advertisement