ОДЛИЧЕН НАЧИН ЗА НАМАЛУВАЕ НА ПРИТИСОК: Не треба да јадете или пиете ништо, само направете еден!Како да го намалите крвниот притисок без лекови? Лекарите открија крајно неочекуван начин кој дава неверојатни резултати ….




Најбезбедниот начин за намалување на крвниот притисок е да се консултирате со лекар и да го следите неговиот совет.
Никогаш не земајте апчиња „сами“, а одредени домашни лекови се исто толку корисни – храна и пијалоци кои помагаат да се намалат овие вредности.Но, лекарите открија друг начин да помогнат во борбата против хипертензијата, и тоа никогаш не би ви паднало на памет! Не треба да јадете или пиете ништо, само треба да направите една работа…




Истражувањата покажаа дека тишината може значително да ги намали отчукувањата на срцето и крвниот притисок. Истражувачите откриле дека само две минути молчење можат многу да помогнат при хипертензија. Дури и во споредба со бавната, релаксирачка музика, тишината даде многу подобар резултат – отчукувањата на срцето и крвниот притисок се намалија многу повеќе.
Една студија од 2003 година покажа дека бучна средина влијае на овие два маркера, односно ја забрзува работата на срцето и го зголемува притисокот. Иако се потребни повеќе истражувања за да се утврдат долгорочните ефекти на тишината врз крвниот притисок, резултатите се ветувачки.




Експертите, исто така, посочуваат дека едноставните промени во животниот стил имаат големо влијание врз намалувањето на високиот крвен притисок, па затоа како прв чекор советуваат намалување на внесот на сол.
„Намалете го внесот на сол на помалку од 6 грама дневно, што е околу една лажичка.
Покрај тоа, нутритивно балансирана исхрана, многу свежо овошје и зеленчук и редовна физичка активност, исто така, може да помогнат.




„Намалете го внесот на алкохол, ослабете ако имате вишок тежина, јадете помалку кофеин и престанете да пушите“, велат лекарите.











