Не ни сонувала дека е вистинско медицинско чудо

Роуз Мери Бентли од Орегон живеела 99 години со едно од најретките анатомски нарушувања. Нејзините внатрешни органи биле поставени на спротивни страни.

Кога старицата починала, таа решила да ги донира своите органи, а научен тим од Универзитетот за здравје и наука во Орегон го открил ова ретко пореметување. Како што велат, најчудно е што таа не ни знаела дека го има овој „проблем“ и дека живее нормално без никакви компликации.

Неверојатниот случај го проучувал асистентот по анатомија Кем Вокер и го презентирал на годишниот научен состанок. Иако идентитетот на луѓето кои даруваат органи или тела обично се крие, нејзиното семејство го одобри.

Advertisement

Роуз Мари Бентли била страствена пливачка, одгледала пет деца и живеела до 99 години.

– Знаев дека е нешто различно, но ни требаше доста време да разбереме како природата го состави тоа – рече асистентот.

Кога го завршиле прегледот, тимот дијагностицирал дека состојбата на Роуз е situs inversus, што значи дека таа има променета положба на телесните органи, како што е инверзија во огледало.

Интересно, Роуз, и покрај тоа, сепак имала срце на левата страна.

Advertisement