Природен лек за срцето, се покажа дека е корисен при срцева слабост, ангина пекторис, но и при тешки срцеви заболувања.




Се користи кога чувствувате какви било проблеми со срцето како што се тремор, прескокнување или поради стрес, а се покажало дека е корисно и при ангина пекторис.




Креатор на познатиот рецепт е калуѓерката Хилдегард фон Бинген, која живеела пред осумстотини години, а нејзиниот рецепт за проблеми со срцето го превземале дури и лекарите. Рецептот подоцна го пренела познатата билкарка Марија Требем, авторка на книгата Здравје од божјата аптека.




Природен лек за срцето , се покажа дека е корисен при срцева слабост, но и кај тешки срцеви заболувања.
Состојки на рецептот:




– 10 свежи стебленца јаглика (без корен),
– литар домашно црвено или бело вино,
– две лажици вински оцет
– 300 гр природен мед.




Подготовка:
Во литар чисто природно вино ставете десет свежи стебленца јаглика заедно со листовите и додадете 1-2 лажици вински оцет. Гответе 10 минути на тивок оган. Потоа додадете 300 грама мед и оставете да се крчка уште 4 минути. Топлото вино процедете го и ставете го уште топло во шишиња кои претходно се измиени со силен алкохол. Добро затворете. Талогот што се формира не е штетен и може слободно да се пие.




Напитокот се користи секојдневно, по лажица додека болеста не престане. За посериозни болести потребно е да се користи подолг временски период.











