Роберт Божинов е еден од преживеаните во стравичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани.
Тој јавно раскажа за тоа како се случил пожарот и како се одвивало неговото лекување.
„Се случи за кратко. За кратко време се прошири пожарот, не успеав на време да излезам, бев заглавен некое време во дискотеката, но благодарение на брзата интервенција на пожарникарите, еден од нив ме извлече и ме упатија во општата болница во Кочани, каде исто така на време ми помогнаа со опекотините“, раскажува тој.
Божинов потоа бил префрлен во 8 Септември во Скопје а потоа бил префрлен на лекување во Шведска. Се заблагодари на лекарите во општата болница во Кочани, во 8 Септември и во Шведска, каде бил сместен во Каролинскиот институт. Таму тој се лекувал 8 дена а потоа бил вратен во 8 Септември. Се заблагодари на дијаспората, на македонската амбасада во Шведска и на сите кои му помогнале.











