Кристијано Роналдо објави фотографија со новородената ќерка.




„Засекогаш љубов…“, напиша 37-годишниот фудбалер покрај црно-белата фотографија што ја објави две недели откако тој и неговата партнерка Георгина Родригез го загубија синот, кој почина при породување. Фотографијата ги разнежни фановите и колегите на Роналдо и многумина во коментари испратија пораки со поддршка до фудбалерот и неговото семејство.




Двојката допрва треба да открие какво име му е дадено на девојчето.




„Со најдлабока тага ја објавуваме смртта на нашето бебе. Тоа е најголемата болка што може да ја почувствува еден родител. Само раѓањето на нашето девојче ни дава сила да го живееме овој момент со мала надеж и среќа“, објавија по смртта на братот близнак на девојчето.




Георгина вчера за прв пат се огласи на Инстаграм, објавувајќи фотографија на која Роналдо ја држи левата рака вперена кон небото. Тоа бил потег посветен на починатиот син по голот на мечот со Арсенал.











