Денеска по 99 месеци за жал ја прекинувам коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош затоа што повеќе немам намера да дозволам некој да ја опструира работата, да си поигрува и да ме понижува мене како градоначалник, советот и граѓаните на Карпош.

Главен виновник за раскинување на коалицијата е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

ГРОМ нема да влегуваат во коалиција со никој и ќе продолжат да делуваат како опозиција.

Карпош и јас мораме да им се спротивставиме на опструкциите, мораме да им се спротивставиме на командите од еден центар, мораме да му се спротивставиме на шпицниот градоначалник.

Advertisement

Општината и народот си избра свој градоначалник кој што треба да ги штити нивните интереси.

Мораме да се спротивставиме на обидите за рекет и обидите за закани врз стопанственици од нашата општина. Сметам дека за изживување господинот Мицкоски треба да побара некој помлад од мене и со поинаков карактер. Повеќе ова не може да го толерираме.

Им се извинувам на гласачите на ВМРО-ДПМНЕ кои што искрено ме поддржаа ви изборната кампања и им порачувам дека им стојам на располагање за сите прашања и проблеми што ги имаат во општината, како и до сега.

Се што имаме договорено и што имам обврска кон членовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Карпош ќе биде испочитувано. Апсолутно имам респект кон тоа што тие ме поддржале. Никому нема влакно од главата да му фали како што и до сега никому не му фали ништо на некој од друга политичка партија.

Граѓаните можат се уште во било кое време да контактираат за било што ако сметаат дека можам да им помогнам, но моите разговори со Христијан Мицкоски во овој момент прекинуваат и тој е единствениот виновник зошто ја растураме оваа коалиција која што функционираше во многу тешки моменти. Знам дека сега ќе има приказни од типот дека сега ќе оди со СДСМ и така натаму.

Јас и ГРОМ и натаму остануваме опозиционери. Ќе продолжиме да дејствуваме опозиционо и во интерес на граѓаните не само во општина Карпош туку и во цела Македонија

Advertisement