Лила е родена во Шведска, каде што живеела 12 години. Нејзиното семејство потекнува од скопското село Виниче.




Лила Стојановска или само Лила е доста популарна по социјалните мрежи и е една од нашите најпопуларни водителки, а во последно време и инфлуенсерки. Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила.




Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице. Лила веќе десет години го води квизот „Се или нешто“ за кој рече дека ѝ е голема љубов.




Несомнено Лила Филиповска важи за една од најзгодните, најатрактивните и најангажирани водители кај нас.Што и да облече на себе одлично и стои, а секогаш добива комлименти на својот изглед.




Лила на својот профил на Инстаграм објавува често фотографии и ведеа и речиси да нема ден, а да нема барем по една фотографија.




Стојановска има завршено средно медицинско училиште во СМУГС “Д-р Панче Караѓозов”, и студирала на насоката Македонски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а зад себе има два брака и синот Филип од нејзиниот прв брак.




Нејзините почетоци во работата се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги направила првите водителски чекори.




Овај пат Лила објави видео каде што може да се забележи дека им прави реклама на Алгида за сладолед и во позадина се слуша машки глас како и се обраќа со зборовите “ГРИЗНИ ОД СТРАНА”











