Една од најгледаните домашни серии на сите времиња




Откако серијата почна да се емитува во 1987 година, немаше личност која не го следела ова култно достигнување. Гига, Емилија, Саша, Вики и Боб, станаа дел од сечие секојдневие.




Сепак, после 33 години се обелоденија некои детали за кои јавноста не знаеше. Улогата на Саша Попадиќ била наменета за Жарко Лаушевиќ, кој морал да ја одбие оваа улога, бидејќи не можел да го вклопи снимањето со тогашните обврски.




Лепа Брена ја одби улогата
Улогата на Нина Андрејиќ, која на крајот и припадна на Снежана Савиќ, првично не и била наменета. Синиша Павиќ, сценаристот, замислуваше дека овој лик ќе го игра Лепа Брена, но најголемата балканска ѕвезда, не сакаше да игра во серија во која ќе го повтори сценариото од „Тесна кожа“ и филмовите „Ајде да направиме Љубов“.




Благодарение на тоа што актерката Ена Беговиќ, која тогаш беше многу ангажирана во различни проекти, беше многу зафатена, улогата на Виолета Попадиќ и припадна на Лидија Вукиќевиќ, која исто така е запаметена и оригинална.











