Владина работна група составена од претставници на Министерствата за вантрешни работи, надворешни работи, правда, транспорт и врски во следните неколку дена ќе треба да најде решение за проблемот околу издавањето на лични документи со новото име, обврска која треба граѓаните согласно Преспанскиот договор да ја завршат до 12 февруари.

Во врска со обврските за промена на личните документи согласно договорот формирана е работна група за да се изнајде соодветно решение за надминување на проблемите, информираат за Сител од Владата.

Прашањето било отворено на првата владина седница со која раководеше Талат Џафери, а како што потврдија двајцата клучни министри, шефот на дипломатијата Османи и техничкиот министер за внатрешни Тошковски во опција е и враќање на парите е што граѓаните ги дадоа за да извадат нови пасоши и лични карти пред да им истече нивната важност.

Тошковски најави дека ќе го прифати секое решение за личните документи кое е во интерес на граѓаните, а тој во ресорното министерство работи на реорганизација за побрзо аплицирање и добивање на документите за да се намалат гужвите пред пунктовите на МВР.

Advertisement
Advertisement