Кардиоваскуларните заболувања најчесто се предизвикани од високиот холестерол.

Дали сте слушнале за ксантоми? Ако не сте медицински професионалец, голема е веројатноста дека ова е терминот со кој се соочувате за прв пат.

Ксантомите се локализирани липидни наслаги во органскиот систем. Нивната локализација е исклучително важна.

Ксантомите првенствено нè упатуваат на системска болест и најчесто се тесно поврзани со нарушен липиден метаболизам и хиперхолестеролемија.

Advertisement

На стапалата првенствено укажуваат на зголемување на холестеролот, а единствен начин да откриете дали ги имате е самопреглед.

Како да препознаам ксантоми?

Обрнете големо внимание на испакнатините. Иако некои од испакнатите може да се резултат на носење лоши чевли или габични инфекции, ксантомите се издвојуваат по изглед.

Овие „испакнатини“ се наоѓаат под кожата, најчесто се меки, чешаат и можат да бидат многу болни и да достигнат големина до 7 cm во дијаметар.

Ако забележам ксантоми, што треба да направам?

Нерамнините од овој тип се секако знак дека нешто не е во ред со вашето тело. Доколку ги забележите, консултирајте се со вашиот лекар. Тој ќе ви ја одреди општата состојба, нивото на холестерол, но односот на добриот и лошиот холестерол, по што ќе ви ја одреди терапијата.

Дали тоа што не забележувам испакнатини автоматски значи дека немам висок холестерол?

Не, ксантомите се јавуваат како резултат на висок холестерол во мал процент. Ако се сомневате на хиперхолестеролемија, задолжително посетете го вашиот лекар. Исто така, редовните систематски прегледи, дури и ако се чувствувате целосно здрави, не се на одмет. Се препорачуваат во триесеттите, а во четириесеттите веќе се од неопходно значење.

Ако се покаже дека вашиот холестерол е висок, слушајте ги советите на вашиот лекар, водете уреден живот и избегнувајте стрес.

Advertisement