Венера во Шкорпија ве прави подлабоки и посериозни во меѓучовечките односи

Страсната, но таинствена Венера во Шкорпија на 5 ноември е под висока тензија со Уран.

Бурни изливи на чувства, ненадејни прекини во љубовта или деловните врски, возбудливи социјални настани ќе го одбележат денот. Невнимателните срца можат да бидат изненадени од ненадеен удар од стрелата на Купидон.

Но, веќе два дена подоцна, на 7 ноември, ненадејно заладување доаѓа од вжештеното расположение: Венера во квадрат со Сатурн станува далечна и сериозна. Недоразбирањата се обидуваат да се закрпат и работите да се вратат како што биле, но тоа не оди баш мазно. Да останеме смирени, прибрани и трпеливи, со внатрешен глас кој ни кажува дека се се случува за наше најголемо добро.

Advertisement

Венера во Шкорпија ве прави подлабоки и посериозни во меѓучовечките односи.

Претпочитате интимност на добро познато друштво, наместо бучни вечерни излегувања меѓу непознати. Во љубовта тежнеете кон целосно соединување со предметот на вашата желба, додека површниот флерт нема да ве задоволи. Ако трпите отфрлање, долго ќе бидете исполнети со горчина и гнев.

Изливите на љубомора се веројатни во сите околности – со или без докази, без разлика дали сте во врска или не. Ќе го демнете и шпионирате саканиот, ќе се обидете да му упаднете во мобилниот телефон и мејлот, ќе ги прашувате заедничките познаници за неговите движења.

Во врските и пријателствата, прашањето за превласт ќе стане актуелно. Старите рани се отвораат и се закануваат да го обноват конфликтот. Без оглед на причината, воздржете се од насилство и простете им на партнерите, роднините и пријателите. Постојаното непријателство ги повредува сите вклучени.

Advertisement