Свети Никола е еден од најважните христијански светители, чудотворец и заштитник на морнарите, патниците, децата, бродовите и многу крајбрежни градови низ светот.
Во Македонија тоа е најчеста семејна слава .
Свети Никола се празнува на 19 декември, кога се одбележува денот на неговата смрт, но и на 22 мај (лето Свети Никола), во спомен на пренесувањето на моштите од Мира во Бари.
Според народното верување, Свети Никола ги пренесува душите од овој свет во другиот. Пред Архангел Михаил да почне да извлекува души од луѓето, тоа го направил Свети Никола.
Има многу народни обичаи поврзани со 19 декември, но малкумина знаат дека постои таков што треба да се запази ден по празникот.
Ниту една домашна работа не треба да се прави ден по славата. Исто така, домаќините треба да подготвуваат само храна и да не вршат други домашни работи ден пред и ден по прославата. Мрсната храна на овој празник е строго забранета бидејќи има голем божиќен пост.