Дали сте подготвени да ја пробате оваа фантастична и едноставна паштета.
Брзо и лесно се прави, а нема да ви требаат сто чинии!
Потребно е: 50 гр мелени ореви, 150 гр ситно сирење, 1 чешне лук, неколку гранчиња магдонос, по вкус бибер и сол, малку мелен рузмарин и 1 лажичка сок од лимон (по избор)
Подготовка:
Advertisement
Во сирењето додадете мелени ореви, ситно сечкан магдонос, малку мелен рузмарин и сечкан лук. Мешајте додека убаво не се соединат сите состојки.
Посолете ја паштетата и бибер по вкус. По желба закиселете со сок од лимон, промешајте уште еднаш, декорирајте (по желба) и послужете.
Advertisement