Моќен напиток за студените денови…

Лукот, сокот од лимон и маслиновото масло претставуваат една од најдобрите комбинации, како за имунитет , така и за слабеење.

Имено, комбинацијата на овие три намирници ќе ги елиминира масните наслаги, но и ќе го забрза нашиот метаболизам, со цел да се ослободиме од штетните токсини од телото.

Комбинацијата од лук и лимон го регулира шеќерот во крвта, го намалува бројот на триглицериди во крвта, ја подобрува циркулацијата, го регулира лошиот холестерол, но истовремено го подига нивото на добриот холестерол, пишува Крстарица.

Advertisement

Компоненти:

  • 1 лимон
  • 3 чешниња лук
  • 1 чаша топла вода
  • 3 капки маслиново масло

Оваа комбинација ги отстранува токсините од телото и го зајакнува имунитетот.

Подготовка:
Исечкајте го лукот, додадете вода, сок од лимон и маслиново масло. Добиената смеса оставете ја да отстои околу 20 минути. Промешајте и процедете во шолја. По желба можете да додадете мед или јаворов сируп.

Advertisement