Најчувствителниот зеленчук на ладно се доматите

Повеќето од таканареченото јужно овошје не треба да се чуваат во фрижидер, тврди Дитлинд Ханидерр, професор по наука за храна на Универзитетот Анхалт во Германија. Проблемот е етилен гас.

Овој гас се произведува од јаболка, поради што овошјето кое се наоѓа во нивна близина ќе изгние побрзо. Таков гас се произведува и од домати, кои побрзо ја губат аромата во фрижидерот. Авокадо, круши, смокви, нектарини, сливи, сите произведуваат етилен, пренесува Аваз.

Ако се чуваат правилно, на температура од 10 до 13 степени, модрите патлиџани можат да останат свежи најмногу десет дена.

Advertisement

Боранијата не треба да се чува повеќе од три дена на ладно и суво место. Карфиол уште пократок, ден-два. Ако се појават црни дамки, тоа се мувла и карфиолот повеќе не се јаде.

Таквата мувла може да содржи дури и токсични, канцерогени состојки. Не помага дури и ако дамките се отсечени затоа што ги има оние невидливи до нив.

Морковот може да се чува во фрижидер, но треба да се отстрани од пакувањето во кое е спакувано во продавниците. Морковите на куп може да траат една недела во фрижидер, но измиено, исчистено и чувано поединечно ќе биде добро и за четири недели.

Advertisement