Со почетокот на летната сезона почнаа и приказните за цените на одморите на различни туристички дестинации, а кај нас Грција најмногу се споменува како еден од нашите омилени.

На Фејсбук страницата „Greek Gateway“ се појави ценовник на храна и пијалоци од Миконос, Грција, кој со оглед на бројките привлече огромен интерес.

Во ценовникот пишува дека кафе чини 15 евра, грчки специјалитет сувлаки 25 евра, порција лигњи 150 евра

„Вистинска приказна. Цените на Миконос се луди. Зошто да платите толку кога има уште 227 грчки острови“, се вели во описот на постот на ценовникот.

Advertisement

По оваа објава лавина лавина од коментари.

„Неодамна пред околу 16 дена бевме на Крф, мислам дека не потрошивме повеќе од 50 евра со вино и вода“, „Затоа јас во 44 години обиколка на грчките острови го заобиколувам Миконос“, „Очигледно е само за богатите луѓе. Тоа е класна дискриминација. Заборавете на Миконос, има многу други прекрасни грчки острови“.

Меѓутоа, некои тврдат нешто сосема поинакво: „Бевме во Миконос минатото лето и јадевме на неколку врвни места и никогаш не сме платиле толку многу, никогаш не сме виделе такви цени“, „Не е точно. Само што се вратив од таму утрово. цените се многу пониски од прикажаните“.

Има споредба на цените со оние од претходните години: „Ова е лудост. Кога ја посетив во 2020 година, цените беа нормални – кафе две евра, гиро 2,5 евра, пиво две и пол евра“.

А Грците велат: „Има продавници за сечиј џеб“, „Сите овие работи по нормални цени ги има во чесните продавници, а кога ќе решите да одите во скапа продавница, тоа е ваш избор. Ние што патуваме знаеме дека е така во целиот свет, доста клевети без причина“.

(Kurir.rs)

Advertisement