СЕКОЈА нова фотографија на Колинда Грабар-Китаровиќ носи еден куп ласкави комплименти. Со текот на годините, таа издлаби линија, што јасно се гледа кога се споредува нејзиниот изглед во 2017 година и денес.

Пред пет години беше објавено дека поранешната хрватска претседателка се одлучила на диета со липосукција. Диетата се спроведува 14 и 21 ден, во зависност од тоа колку килограми сакате да изгубите. По 14 дена од диетата се прави пауза од 14 дена.

Диетата се состои од три оброци дневно, слатки и леб се забранети. Главен оброк во денот е вечерата, која се базира на месо, риба и варен зеленчук. Појадокот и ручекот се заменети со шејкови со различни вкусови, заедно со додатоци во исхраната. Со вечера се дозволени салати, додека овошјето и јаглехидратите се забранети. Се избегнува и физичка активност, иако Колинда во неколку наврати изјави дека се уште вежба.

Благодарение на резултатите што ги донесе липосукциската диета на Колинда, во 2019 година, токму таа диета, заедно со кетогената, беше најпопуларна по бројот на пребарувања на Google.

Advertisement

Колинда од исхраната ја исфрлила полуготовата храна, белото брашно и шеќерот, а консумирала многу месо, риба и зеленчук и маслиново масло. Исто така, храната што ја јадела не била пржена.

Advertisement