Истражувањето на Институтот за срце во Лос Анџелес покажа дека најчестите знаци на срцев удар се јавуваат еден ден претходно, а се разликуваат помеѓу мажите и жените.

Новото истражување открива дека 50 отсто од срцевите пациенти имаат еден симптом ден пред срцев удар . Според научниците од Институтот за срце Смит во Центарот Седарс-Синаи во Лос Анџелес, жените и мажите често доживуваат предупредувачки знак за претстојна, а понекогаш и фатална здравствена криза.

Ден пред срцев удар, жените обично чувствуваат отежнато дишење, додека мажите чувствуваат болка во градите , според истражувачите кои ги објавија своите наоди во списанието Lancet Digital Health.

Други, поретки предупредувачки знаци што ги чувствуваат двата пола вклучуваат напади и абнормално потење.

Advertisement

„Ова сознание може да доведе до рана интервенција и превенција на смртта . Нашето откритие може да доведе до нова парадигма за спречување на ненадејна срцева смрт“, рече водечкиот автор Самет Чунг.

Истражувањето користело податоци од две студии за срцев удар во Калифорнија и Орегон, во кои биле опфатени пациенти на возраст од 18 до 65 години. Истражувачите, исто така, разгледувале луѓе кои имале слични симптоми, но не доживеале срцев удар.

„Пациентите кои ќе забележат предупредувачки знак и ќе повикаат брза помош пред да колабираат од ненадеен срцев удар имаат пет пати поголеми шанси да преживеат“, велат истражувачите, цитирани од index.hr .

Advertisement