Циметот има антисептички својства, па ги чисти порите и бактериите, каранфилчето го намалува црвенилото, а медот хидрира.




Овие три состојки се одличен избор за природни маски кои истовремено ја чистат кожата и го враќаат нејзиниот младешки изглед.
Маска од мед, цимет и каранфилче




Состојки: 2 лажички мед, 1 лажичка цимет, 1 лажичка каранфилче
Подготовка: Сите состојки се ставаат во сад и убаво се мешаат да се соединат. Добиената смеса нанесете ја на чисто лице и оставете ја да делува пред да ја измиете со млака вода. При плакнење исчистете ја маската со кружни движења за да ги отстраните нечистотиите од порите.




Маска со цимет за мазна кожа
Состојки: 1/4 шолја бел шеќер, 1 лажичка маслиново масло, 1 лажичка цимет, 1 лажичка ѓумбир




Подготовка: Измешајте ги сите наведени состојки и добиената смеса втријте ја во кожата со кружни движења и оставете да делува 10-15 минути. После тоа, исплакнете со млака вода и нахранете ја кожата со хидратантна крема. Шеќерот и циметот ќе делуваат како пилинг, а маслиновото масло ќе ја смири и негува кожата.




Маска од мед за чистење на порите и флеките
Состојки: 2 лажички мед и 1/2 лажичка сок од лимон




Подготовка: Измешајте ги состојките во смесата, нанесете на лицето и оставете да делува 20 до 30 минути пред да ја измиете. Сокот од лимон ќе ја исчисти кожата и ќе ги осветли депигментациските дамки, а медот ќе ја храни и ќе и помогне да ја задржи влажноста што подолго.