Доколку сакате да направите вкусен, лесен и едноставен сос, ви го препорачуваме Зазики сосот.Зазики сосот е популарен во грчката кујна, кој со неверојатна брзина стекнува обожаватели и кај нас.
Сосот навистина е вкусен, има одличен освежувачки вкус и пикантна арома. Може да се послужи како посебно јадење или како сос за месо, компир или зеленчук. Едноставно можете да го јадете и со леб!
- СОСТОЈКИ:
- 1 краставица
- 250мл густ јогурт
- 2 чешниња лук
- 1 кафена лажица маслиново масло
- 1 кафена лажица сок од лимон
- 20гр магдонос
- Сол и бибер по вкус
ПОДГОТОВКА:
- Измијте ја краставицата, излупете ја и ситно изрендајте ја.
- За сосот да не биде премногу течен, задолжително исцедете ја краставицата.
- Ситно исецкајте го лукот.
- Магдоносот најпрвин измијте го и оставете нека се исуши. Потоа исецкајте го и се заедно промешајте.
- Додајте го јогуртот, маслиновото масло и сокот од лимон. Посолете и ставете бибер по ваша желба.
- Пред да го послужите на трпезата, оладете го во фрижидер.
Пријатен апетит!Зазики сосот е популарен во грчката кујна, кој со неверојатна брзина стекнува обожаватели и кај нас. Сосот навистина е вкусен, има одличен освежува
Advertisement