Овие сочни бобинки содржат неколку витамини и минерали, а се со малку масти, јаглени хидрати и калории. Направете домашно слатко од капини кое е секогаш повкусно од купено во продавница

СОСТОЈКИ:

  • килограм капини
  • 1,5 кг шеќер
  • шолја вода
  • лажичка ванила (по избор)

ПОДГОТОВКА:

Капините исчистете ги и измијте ги . Во тенџере со подлабоко дно наредете капини по ред, шеќер во низа додека не се потроши целиот материјал.

Advertisement

Покријте со чиста крпа и оставете преку ноќ. Следниот ден додадете вода, па варете на силен оган со повремено мешање додека слаткото не згусне.

По желба измешајте со екстракт од ванила и истурете во претходно стерилизирани тегли, затворете и чувајте ги на темно и ладно место.

Advertisement