Пристигнуваат гости или сакате да го изненадите семејството, а немате многу време. Го имаме вистинскиот рецепт за вас, не е комплициран, се прави без многу состојки и тоа за десет минути. Можете да го сервирате во чаши или мали теглички.

За четири чаши ви е потребно:

  • 100-150 грама плазма бисквити
  • 300 грама несолена урда
  • Сок и рендана кора од еден лимон
  • 3 лажици шеќер
  • 200 грама овошје по желба, може и замрзнато (нема да пречи ако има и повеќе)

Подготовка:

Ставете ги бисквитите во кеса и со помош на сукало издробете ги на парчиња, да не бидат премногу ситни, (затоа и не се мелат), но можете да користите и мелена плазма.

Advertisement

Несолената урда измешајте ја со ренданата кора од лимон и две лажици шеќер.

Издвојте малку овошје за декорација и преостанатата количина измешајте ја во блендер со лажица шеќер и сок од еден лимон.

На дното од чашата или тегличката ставете бисквити, па урда и на крај овошје. Украсете со преостанатото овошје и со бисквити, оставете да отстои во фрижидер сè до послужувањето.

Advertisement