Народните верувања за овој ден се различни во нашите краиишта.




Вчера беше еден од најголемите празници, Света Троица или Духовден, кој се празнува на 50-тиот ден по Велигден и на 10-тиот ден по Спасовден, а денес МПЦ и нејзините верници го слават понеделник Духовден.




Духовите го претставуваат и роденденот на христијанската црква, а се нарекуваат и Троица, Ден на Троица, Слегување на Светиот Дух врз апостолите. Тој е трет по значење празник, по Велигден и Божиќ, а како нив се слави и три дена.
Празнувањето продолжува во текот на целата недела, нема пост и тоа е таканаречената несмасна недела. Така, денес е Духовден понеделник, а утре е Духовден вторник.




Народните верувања за овој ден се различни во Македонија. Се верува, имено, дека оние девојки кои се мијат со вода, во која имало цвеќиња од кои се плетени венци, ќе имаат чисто и бело лице во текот на целата година.
Од друга страна, мажите кои на девојките им подаруваат венец, според народното верување во источна Македонија, годината ќе ја завршат како младоженец.




На вториот ден од Духовден не смее да се прави ништо во куќата со потешки задачи, дури ни со игла, бидејќи таквото однесување се смета за непочитување на апостолите и светителите и не внимавање на нивните зборови.
Во западна Македонија, пак, обичај е семејството во таа година да се сеќава на покојникот и да им подготви симболична трпеза за да го спаси нивниот дом од злите сили!




Понеделник на Духовден е првиот ден по Духовден и во многу европски и други земји се слави како неработен ден: во Австрија, Барбадос, Белгија, Грција, Гибралтар, Данска, Исланд, Кипар, Луксембург, Унгарија, Германија, Норвешка, Романија, Франција, Холандија и Швајцарија.











