Во секој случај консултирајте се со гинеколог доколку ви доцни менструацијата.

Доколку се сомневате дека сте во друга состојба, секако сакате што поскоро да дознаете на што сте и дали ве очекуваат добри вести.

Најлесен начин да дознаете дека сте во втора состојба е со тест за бременост, но многу жени не знаат кога е најдобро да се направи тестот, како и колку време е потребно по сексуалниот однос.

По зачнувањето, HCG треба да се генерира во вашето тело. Со оглед на тоа што неговото ниво се удвојува на секои 48 до 72 часа, ако направите тест за бременост по пропуштање на менструацијата, ја зголемувате веродостојноста на точноста на резултатите.

Advertisement

Ако вообичаено имате нередовни менструации, најдобро е да го направите тестот 3 недели по однос.

Веродостојноста на тестовите е околу 99 проценти доколку ги користите правилно, но треба да имате на ум дека тие можат да покажат и лажно негативен резултат. Во секој случај, препораката на гинекологот е тестот да се прави двапати, бидејќи резултатите може да варираат доколку го направите прерано.

Следете ги овие правила за попрецизни резултати од тестот за бременост:

1. Проверете го датумот на истекување на тестот пред да го купите.

2. Многу лекари препорачуваат тестот да се направи наутро, бидејќи токму тогаш концентрацијата на HCG во урината е обично најголема.

3. И покрај вообичаената заблуда, не треба да пиете течности пред да го направите тестот. Може да го разреди нивото на HCG во урината и на тој начин да придонесе за лажен резултат.

4. Ако земате какви било лекови за плодност, исто така внимавајте бидејќи резултатот може да биде лажен.

5. Внимателно прочитајте ги упатствата за употреба и не го изложувајте завршениот тест на сончева светлина, бидејќи може да покаже неточен резултат.

Следниот чекор е да закажете состанок со вашиот лекар околу осум недели по последната менструација за да ја потврдите добрата вест дека чекате бебе.

Advertisement