Напитокот од лук и црвено вино ќе го исчисти вашиот организам од вишокот на соли и маснотии, па проблемите со надуеноста и вишокот килограми ќе бидат решени.
На нашиот организам некогаш му е потребно да се прочисти, поточно да ги исфрлиме токсините и да ја подобриме циркулацијата.
Овој природен лек ќе го направи сето тоа и ќе го исчисти организмот од вишокот соли и маснотии, но и ќе ве ослободи од стресот и хроничниот замор.
Покрај примената на овој лек, за долготрајни резултати е потребно и здраво да се храните, да не јадете брза храна и да пиете вештачки пијалаци полни со штетни додатоци.
Лицата кои не пијат вино може повеќе да пијат природни сокови од грозје, вишни и слично, бидејќи содржат здрави состојки.
Состојките потребни за овој напиток ви се 12 чешниња лук и пола литар црвено вино.
Подготовка
Исчистете го лукот и иситенете го, па ставете го во стаклено шише.
Додадете вино и добро затворите. Чувајте го на светлина две недели и секој ден протресувајте го неколку пати.
По две недели, процедете го напитокот и префрлете го во друго стаклено шише. Консумирајте по една лажица три пати дневно во текот на еден месец.
Ова е многу силен лек, па затоа применувајте го со пауза од шест месеци меѓу два третмани, односно само два пати годишно.