Портокалов аларм: Следната недела температурите ќе паднат и до минус 10

Македонија е под влијание на циклон од север, што донесува снег и на повисоките и на пониските места. Најобилни врнежи се очекуваат во северозападните региони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда, наредната недела, ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.

Надлежните уверуваат дека механизацијата за расчистување на патиштата е подготвена, а доколку врнежите станат посилни и се појави голомразица, камионите и тешките возила ќе бидат исклучени од сообраќај.

Advertisement

– Од Божиќ до Свети Јован ќе имаме ладни денови. Ќе биде и најстудениот дел од месецот кога ќе има снег, а температурата ќе се спушти до 10 степени под нулата. Сега имавме среќа бидејќи снегот не се стопи и остана, но кога ќе има силен минус ќе остане, а ние треба да се грижиме за мразот.

Advertisement