Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро?
Ви препорачуваме да подготвите овесна каша со банана и кикири- готова е само за неколку минути а веќе имате целосен и здрав подготвен оброк.
Состојки
- 1 голема зрела банана
- 1 лажица мед
- 2 лажици сецкани кикири
- 1 лажица путер од кикири
- 1 шолја овесни снегулки
- 1/2 лажица цимет
- малку ванила
- млеко по потреба
Во малку млеко на оган се додава овесот, медот, ванилата и путерот од кикири. Се меша се додека смесата не згусне. Се трга на страна и се сервира во 2 тањира и се додаваат свежата банана и сецканите кикири.
Во зависност од бројот на порции количината се зголемува/намалува.
Advertisement
На здравје!
Advertisement