Ако некогаш сте имале инфекција на уринарниот тракт, тогаш знаете колку е болно и непријатно. Ве тера често да одите во тоалет, а мокрењето станува многу болно.

Денеска ви го привлекуваме вниманието на одличен природен лек кој ќе ви помогне брзо и ефикасно да се ослободите од уринарните инфекции.

Овој природен антибиотик е многу ефикасен, а олеснување доаѓа по првиот третман.

Еве како да подготвите природен лек за инфекции на уринарниот тракт.

Advertisement

Ќе ви требаат:

  • 200 мл маслиново масло
  • 250 гр мед
  • 250 гр лимон
  • 250 гр корен од јаглика

Подготовка:

Коренот од јаглика и кората од лимонот ситно исечкајте ги, па во блендер измешајте ги сите состојки, вклучително и медот и маслиновото масло.

Ќе добиете кашеста маса која треба да ја чувате во стаклен сад во фрижидер.

Секое утро треба да се зема по една лажица. По консумирањето на целата смеса, бактериите треба да исчезнат.

Забелешка:

Добро би било мед да се набави од докажан пчелар, лимонот секако треба да биде непрскан.

Доколку сепак купувате лимон во продавница, ставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона.

Потоа добро исплакнете го. Коренот на јагликата, исто така, треба добро да се измие.

Совет плус: Пијте чај од јаглика

Магдоносот делува како диуретик, а освен што е освежителен, овој напиток ќе го забрза и процесот на заздравување.

За ублажување или спречување на инфекција на уринарниот тракт, неопходно е да се пие чај од јаглика. Земете една лажица корен од јаглика и прелијте ја со 2,5 dl вода.

Гответе 5-6 минути, потоа покријте 10 минути, изладете, па процедете. Пијте 1 чаша 3 пати.

Исто така, јагликата е одличен лек против отекување на нозете и е корисен за слабеење.

Извор: uspesnazena.com

Advertisement