Овој хормон е главната причина зошто не можете да ослабите
Ако губењето на тежината стана неподнослива борба и сите диети изгледаат неуспешни, тогаш можеби треба да се позанимавате со хормонот одговорен за тоа.
Лептинот е дежурниот виновник скриен во клетките и неговата главна функција е да ги балансира нивоата на енергија и телесната тежина. Постојат два начини на кои функционира. Првата е да му сигнализира на мозокот кога јадеме, а втората е да го стимулира масното ткиво да согорува енергија.
Колку повеќе се дебелеете, толку повеќе лептин има во крвта, за да постигне рамнотежа, но и да го забрза процесот на согорување на мастите.
Сепак, понекогаш хормонот е нефункционален, што доведува до тоа дебелите луѓе да развијат отпорност на лептин. Токму заради ова е невозможно да се губат килограми.