Лорен Санчез неодамна го прослави својот 55-ти роденден, но за оваа жена годините се само бројка бидејќи изгледа феноменално

Облечена во мини розов фустан со исечоци околу половината, Лорен Санчез изгледаше најмалку две децении помладо.

Случајните минувачи во Сент Бартс сигурно не мислеле дека оваа жена силно ја гази својата 6-та деценија. А за да се подмлади, вереницата на Џеф Безос не ја напушта теретаната, што би рекле кај нас.

Се шушка дека Лорен вежба во теретана секој ден и дека го „добила“ и милијардерот кој заедно со неговата свршеница се подмладил со здрави навики .

Advertisement

Покрај ригорозните вежби, Лорен внимава што јаде, има личен готвач кој ја следи насекаде, а не и се непознати ниту козметичките корекции.

Лорен го обожава удобниот и луксузен живот што и го обезбедува Џеф. Двојката неодамна се одмора на неговата луксузна јахта вредна 500 милиони долари.

Штом се вратиле од одмор, Лорен решила да се прошета и да потроши неколку долари во шопинг, а колку е расположена покажаа овие папарацо фотографии.

Advertisement