Проверете дали имате висок холестерол, неочекуван симптом е на вашите нозе!




Високиот холестерол е една од главните причини за кардиоваскуларни болести. Вишокот на оваа супстанца во крвта може да влијае и на појавата на срцев удар. И како да знаете дали имате висок холестерол?
Освен анализата на крвта, постои уште еден показател за високи вредности на овие масти, а се забележуваат на стапалата…




Со хиперхолестеролемија, под кожата може да се формираат масни наслаги, таканаречени ксантоми. Може да се појават насекаде по телото, но најчесто се појавуваат на стапалата. Овие „испакнатини“ под кожата обично се меки, чешаат, а понекогаш дури и болни, а нивната големина се движи од многу мали до преку 7 cm во дијаметар.




Меѓутоа, во повеќето случаи, високите нивоа на холестерол не се придружени со забележителни предупредувачки знаци. Лекарите истакнуваат дека правилната исхрана може да помогне да се намали лошиот холестерол.
„Намалувањето на внесот на заситени масти и нивна замена со незаситени масти е одличен начин за намалување на нивото на холестерол“, објаснуваат експертите за „Heart UK“.




Заситените масти се мастите кои се наоѓаат во путерот, свинската маст, масното месо и сирењето. И како што забележуваат експертите, рибата е добар извор на здрави незаситени масти, особено омега-3 масни киселини.




Статиите на напиот портал се ИСЛУЧИВО ЗА ВАШЕ ИНФОРМИРАЊЕ за било каков здравствен проблем задолжително да се консултирате со ЛЕКАР!