Откако ќе положите возачки испит можете беа проблеми да го возите автомобилот на родителите беа да се плашите дека полицијата ќе ве фати и ќе ве казни. А сега контролите на полицијата е засилени и секојдневно билтените се полни со санкции кон оние што не се придржувале кон сообраќајните правила, а секогаш бројката на казнети поради немање на возачка е двоцифрена.

Но, дури и со положен возачки испит нема да можете да бидете „целосно опуштени“. Постојат некои ограничувања во однос на управувањето на возило кога станува збор за возач – почетник.

Според Законот за безбедност во сообраќајот и патиштата Возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите „А1“, „А2“, „А“, „Б“, „Ц1“ и „Ц“ не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат.

Не смее со возилото да влече приклучно возило или да врши организиран превоз на деца, во рок од две години од денот на издавање на возачката дозвола.

Advertisement

Возач – почетник од категориите „АМ“, „А1“, „А2“, „А“ и „Б“ не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен возач – почетник од категоријата Б ако со него во возилото на предното седиште се наоѓа лице – возач, од соодветната категорија кое е постаро од 25 години и за кое не трае прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило.

Возачот кој поседува возачка дозвола од „Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати.

Казната за не постапување по овие членови од Законот е глоба во износ од 200 евра во денарска противредност.

Advertisement