Еве еден супер рецепт за вкусен Новогодишен колач.
Кора:
- 100гр интегрално брашно
- 100 гр овесни снегулки
- 120 гр кокосов шеќер
- еден прстофат сол
- 100 гр кокосово масло
- ванилин шеќер
- Фил:
- 450 гр грчки јогурт
- 30 гр кокосов шеќер
- 16 g густин
- 300 g овошје
Подготовка:
Ставете ги сите состојки за кората во еден сад. Промешајте. Ставете ја хартијата за печење во калап (15 x 22cm или 20 x 20cm) и префрлете 3/4 од смесата за кора со притискање.
Advertisement
Во друг сад измешајте ги состојките за филот и ставете ги преку кората рамномерно распоредувајќи ги.
Овошјето ставете го по целата површина на филот. Остатокот од смесата за кора (1/3) посипете го врз овошјето, лесно притискајќи.
Печете 40 минути на 180 степени. Се остава да се излади и се става во фрижидер два часа да се стегне.
Извор: stil.kurir.rs
Advertisement