Големите бели кучиња се врвни предатори и најголемата граблива риба во светот. Пливаат со брзина од околу 55 km/h и имаат 300 назабени заби. Иако отсекогаш се гледале како многу опасни, еден припадник на овој вид воодушеви и насмеа многумина бидејќи „падна“ на фотографија од сурфер.

Во саботата, 22-ри октомври, фотографот Џордан Анаст ја сврте својата камера кон професионалниот сурфер Тајлер Ворен на натпревар во Калифорнија. Додека го фотографирал Ворен, ајкула излета од океанот. Се појави во позадина дел од секунда пред повторно да заврши во вода. Тоа беше доволно за Анаст да „кликне“ на фотографијата.

Анаст, кој покрива спортови во Калифорнија повеќе од 20 години, рече дека вниманието што го добива е непрекинато недела и пол, според Вашингтон пост.

„Тоа е лудо“, рече тој.

Advertisement

Имено, во текот на годините на фотографирање на натпревари во сурфање, тој фотографирал многу делфини, а на почетокот мислел дека повторно видел еден од нив. Дури кога погледнал во екранот на својата камера, сфатил што снимил.

„Бев запрепастен“, рече тој. Ворен, кој професионално сурфа 14 години, рече дека не ја забележал ајкулата. Откако стигнал до брегот, му пришла жена која му кажала за фотографијата.

Advertisement