Можете да потрошите многу струја за да го загреете домот, но парите ви се фрлаат ако студот доаѓа низ празниот простор под прозорците и вратите! Не очајувајте, имаме феноменално и евтино решение кое ќе ви помогне да заштедите топлина и струја во вашиот дом.




Оваа практична работа е популарна во светот и многумина веќе ја имаат во својот дом.




Станува збор за „цевка“ од стиропор која можете да ја купите по многу поволни цени во добро снабдените продавници за бои и алатници. Резултатот постигнат со негова употреба целосно ќе ве воодушеви. Тоа е всушност еден од најдобрите начини да заштедите топлина и електрична енергија.




Оваа „цевка“ е пресечена на средина и се што треба да направите е да ја одвиткате и да ја ставите под вашите прозорци и врати. Студот повеќе нема да влезе во вашиот дом.




Проширете го процепот и повлечете го до долниот раб на сите прозорци и врати. Еластичниот стиропор ќе се прилагоди на сите облици, а вашиот дом ќе ја задржува топлината, пренесува Espresso.












