Оваа сарма е без месо, со многу кромид и праз и се прави само во рерна. Сезона е на косела зелка, па ајде да навалиме!
Состојки:
- 1 кисела зелка
- 4 главици кромид
- 2 стапчиња праз
- 3 мали шолји ориз
- 1 лажичка црвен пипер
- 1 лажичка крупна лута или слатка пиперка
- сол, бибер, ловоров лист, масло
Начин на подготовка:




На масло го пропржуваме сечканиот кромид и праз, го додаваме измиениот ориз и пржиме на средна температура додека оризот не добие стаклен сјај. Додаваме сол, црн бибер, слатка мелена пиперка и лута толчена пиперка (кој не сака луто, може само слатка).




На дното на садот во кој ќе ја печеме сармата ставаме малку масло, и ситно сецкан средишен дел од зелката, па врз него ги редиме сармите. Подобро е кога се помали па затоа листовите исечете ги на помали делови и ставете по една лажичка од подготвениот фил. Над сармичките ставете 3-4 ловорови листови и покријте со листови од зелката одозгора, за сармите да останат посочни….




На крајот прелијте со топла вода (околу 2 прста над сармите), ставите малку масло и покријте ја тавата со капак.
Се пече во рерна на 180 степени целзиусови околу 3 ипол до 4 часа. Решетката од рерната притоа, поставете ја подолу од средината.
Совет:




Што повеќе кромид и праз, дури и ако сармата е со месо, таа ќе биде повкусна. Добро е садот за печење да е повисок, за да не претекува. Ако е посна, не штедете на масло и што повеќе се пече тоа подобро. Нормално температурата не треба да биде силна туку умерена „да крчка на тивко“
- Состојки:
- 1 кисела зелка
- 4 главици кромид
- 2 стапчиња праз
- 3 мали шолји ориз
- 1 лажичка црвен пипер



