Тироидната жлезда се лечи со жолчка: Еве како!




Ако штитната жлезда не работи како што треба, настануваат сериозни здравствени проблеми




Никогаш не треба да се сомневате во прехранбената вредност на јајцата! Додавањето на јајцата во секојдневната исхрана ќе ви го подобри здравјето на штитната жлезда.




Штитната жлезда е одговорна за состојбата на нервниот систем, психата, кардиоваскуларниот систем, гастроинтестиналниот тракт, репродуктивните органи и мускулно-скелетниот систем. Ако штитната жлезда не работи како што треба, настануваат сериозни здравствени проблеми. Од оваа болест најчесто страдаат жените во 40-тите години.
Двата главни хормона на штитната жлезда, тријодитиронин (Т3) и тироксин (Т4) се составени од тирозин и јод. Т3 е биолошки активен хормон, додека Т4 останува неактивен додека не се претвори во Т3. Штитната жлезда исто така произведува уште еден хормон, калцитонин, кој ги одржува нормалните нивоа на калциум, го активира метаболизмот на минералите, го чува интегритетот на коскеното ткиво и ја забрзува неговата регенерација.




Ако концентрацијата на овој хормон во крвта е поголема од дозволената вредност, тоа може да укажува на рак на жлездите, белите дробови, дојките, анемија и хиперплазија.




Раните симптоми на болеста на штитната жлезда се речиси незабележливи, па дијагнозата во првата фаза е невозможна. Токму затоа, важно е да внимавате на исхраната, бидејќи така ќе ја спречите појавата на болести на штитната жлезда.