Не треба да се нагласува колку е важно за многу луѓе фармерките да траат што подолго, бидејќи совршените не се лесно да се најдат.

Ставате секакви работи во џебовите

Џебовите се наменети за некои ситни предмети, како шамиче или пари. Но, многу луѓе ставаат секакви работи во нив – мобилни телефони, клучеви, кармин, цигари, запалки…

На овој начин, освен што ќе ја изгубат формата, џебовите на некои места толку ќе се истрошат што ќе се појават дупки кои ќе стануваат се поголеми и поголеми.

Advertisement

Пречесто ги перите

Колку повеќе ги перете фармерките, толку повеќе тие избледуваат и материјалот станува потенок и склон кон кинење, особено на деловите кои се под одреден напор – на пр. на колената или задникот.

Најдобро е да ги миете на секои две до три недели, се разбира доколку не се видно валкани. Што се однесува до мирисот, освежете ги така што ќе ги ставите во замрзнувач неколку часа.

Ги перете на превисока температура

Многумина ги „готват“, што не е добро за нивната долговечност. Високата температура ја уништува структурата на влакната, па фармерките стануваат посклони на пукање и ја менуваат својата форма.

Доколку сакате долго време да изгледаат како нови, измијте ги на пониска температура, а циклусот на центрифугирање нека биде побавен. Користете детергент за обоени ткаенини. Идеално, рачно измијте ги.

Исушете ги во машина за сушење

Воздржете се од ставање фармерки во машина за сушење или на директна сончева светлина во потоплите денови. Високата температура ќе ги уништи, и структурата на материјалот и бојата. Наместо тоа, исушете ги полека на собна температура. Исто така, штипките ставете ги на ременот, никогаш на нозете.

Агресивно триење на дамки

Ова е голема грешка, бидејќи на местата на триење, покрај дамката, ќе исчезне и бојата. Наместо тоа, отстранете ги дамките нежно – со посебен производ или домашна смеса. На пример, посипете мрсни дамки со бебешка пудра и оставете ја неколку часа да ја впие маснотијата.

Или, нежно тапкајте ја дамката со мешавина од сол и вода. Детергентот за садови помага и при маснотии и други дамки. Ставете малку од него директно на дамката, нежно втријте го во ткаенината, оставете го десетина минути и измијте го.

Висат на закачалка

Доколку сакате да ја задржат формата, по миењето и сушењето, превиткајте ги и ставете ги во плакарот. Избегнувајте да ги ставате на закачалка бидејќи сопствената тежина во комбинација со гравитацијата ќе ги истегне, односно ќе им ја промени формата

Advertisement