Целерот е вистински Божји дар за нас луѓето, кој го чува нашето здравје и може да помогне во лекувањето на многу болести. Ги опушта срцевите мускули и го регулира притисокот, ги отстранува дигестивните проблеми, добар е за уринарниот тракт и бубрезите и многу повеќе, што можете да го дознаете во продолжение.
Супстанциите од целерот ги релаксираат артериите, овозможувајќи им да се шират и на тој начин придонесуваат за еластичноста на крвните садови. Покрај тоа, хранливите материи од ароматичниот корен ја подобруваат крвната слика и циркулацијата, апетитот, ги елиминираат дигестивните нарушувања, додека ацетиленикс, една од неговите состојки, го запира размножувањето на клетките на ракот. Ефикасно е и за ублажување на астма, засипнатост, ревматизам, а поради високата содржина на натриум – гихт, уринарни патишта, бубрези, психолошки заболувања.
Целерот ја намалува и концентрацијата на лошиот холестерол, а поради изобилството на витамин Ц помага за надминување на настинките и подобрување на имунитетот. Бидејќи содржи активни фталиди, состојки кои ги релаксираат артериските мускули, целерот може да го регулира и крвниот притисок. Се верува дека целерот ја подобрува и сексуалната моќ.
Суровиот целер е многу ефикасна состојка во исхраната за кожни болести. Се препорачува и за луѓе кои имаат камења во бубрезите или мочниот меур, бидејќи е добар диуретик. За да го постигнете саканиот ефект, треба ситно да изрендате еднаква количина целер и јаболка, добро да ги измешате состојките и да земате неколку пати на ден.
Против холестерол
За да подготвите напиток против холестерол од целер и лимон, потребни ви се: три лимони, половина килограм целер и литар вода. Оставете ја водата да зоврие и оставете да се излади. Лимонот убаво измијте го и исечете го на парчиња, заедно со кората. Излупете го целерот и исечете го на парчиња.
Лимонот и целерот добро сомелете ги. Кога ќе добиете фина кашеста маса, прелијте ја со врела вода и промешајте. Покријте и оставете да отстои преку ноќ, а наутро процедете и истурете во стаклено шише. Пијте половина децилитар пијалок наутро и навечер, пред јадење. Препорачливо е да избегнувате слатки. По осум недели, проверете го холестеролот во крвта.
Олеснување на ревматизам
Сварете половина литар вода и додадете 20 грама листови целер, поклопете и оставете да се вари 20 минути. Се трга од оган и се остава покриено да се излади. Процедете и пијте во текот на денот. За лекување на ревматизам, пожелно е да пиете четири шолји чај од целер дневно во текот на 43 дена.