Светската здравствена организација (СЗО) минатата недела ја ажурираше својата листа на опасни вируси и бактерии, откривајќи дека бројот на патогени кои би можеле да ја предизвикаат следната пандемија е зголемен за повеќе од 30 отсто.
Вирологот Миланко Шеклер тврди дека нема основа за страв, бидејќи, според него, ништо не се променило.
„Списокот за 2018 година вклучува цели семејства на познати вируси. На почетокот на 21 век беа познати 1.415 инфективни агенси кои предизвикуваат болести. За 23 години беа откриени околу 200 нови. Единствената нова стратегија е што повеќе луѓе учествуваат во надзор и тестирање на присуството на вируси во природата и размена на искуства“, изјави Шеклер за Новости.
Повеќе од 200 научници од 54 земји анализирале 1.652 вируси и бактерии и идентификувале 33 како ризични. Шеклер истакнува дека во истрагата биле вклучени бројни ветеринари и експерти од неразвиените земји како Иран, Бангладеш и Пакистан.
„Соработката е проширена со колегите кои работат во земји каде што може да се појават инфекции и кои можат да го загрозат здравјето на луѓето во богатите земји. Ваквите мерки се усвоени поради богатите“, рече Шеклер .