Како соработник на National Geographic, повеќекратен бестселер на Њујорк Тајмс и носител на три Гинисови светски рекорди во велосипедизмот, Ден Бутнер знае многу за авантурата.

Тој го истражувал целиот свет и открил пет места во светот наречени Сини зони, каде што луѓето се најздрави и живеат најдолго.

Покрај тоа што научи што јадат оние во Сините зони за долговечност, тој откри и како живеат посреќен живот, како и емотивните врски кои влегуваат во игра во контекст на целокупното здравје. Ова се три вообичаени навики на луѓето кои живеат во сините зони, според неговите блиски набљудувања:

1. Не вежбаат

Advertisement

Спротивно од она што можеби мислите, тие не вежбаат, што не значи дека не се активни. Буетнер вели дека тие се всушност толку активни таму што дури и не мора да одвојуваат време за спорт или јога. – Живеат на места каде секое патување до работа, или кај пријател или на вечера е можност за прошетка – вели тој.

Уште повеќе, додава тој, тие го зголемуваат пулсот само со секојдневните активности во домаќинството. – Немаат ’копче’ за работа во двор, домашна или кујнска работа. Месеат тесто за леб или мелат пченка со рака – објаснува Буетнер. Така тие се постојано активни, доволно за да го продолжат својот животен век.

2. Јадат многу јаглехидрати

А кога станува збор за тоа што јадат, Сините зони имаат растителна исхрана, а 90% до 100% од нивната исхрана се јаглехидрати, вели Бутнер. Со генерации јаделе она што ние го нарекуваме сложени јаглехидрати. Повеќето од она што го јадат се житарки, грав или клубени како слатки компири. Тие не ги демонизираат јаглехидратите како некои.

Јаглехидрати е најлошиот збор на американскиот јазик бидејќи и лижавчињата и леќата се јаглехидрати. И ние се збунуваме – објаснува Буетнер. Исхраната на Сината зона е првенствено растителна и богата со јаглехидрати. Ако следите план за исхрана со малку јаглени хидрати и сакате да се обидете со диета за долговечност, можеби треба да бидете како нив и да додадете сладок компир или два во вашата чинија.

3. Се дружат

Последно, и веројатно најважно според Бутнер, е навиката на Сината зона да поминува време со пријателите – добри пријатели. Бутнер забележува дека блиската група пријатели кои поддржуваат е клучна за долговечноста.

– Никој не размислува за долговечноста како додавање пријатели – вели тој. Но, всушност вложувањето напор за создавање група од четири или пет луѓе кои навистина ве хранат е веројатно најмоќното нешто што можете да го направите за да додадете години во вашиот живот, објаснува тој. Од друга страна, Бутнер вели дека лошите пријатели можат да го направат токму спротивното, пријателите кои ве повлекуваат и поттикнуваат нездраво однесување всушност можат да ви го скратат животниот век.

Нема еликсири, апчиња или режими за вежбање. Нивниот извор на младост е всушност многу едноставен – да останат активни; внесување јаглехидрати од растително потекло и дружење со пријателите. Овие работи или навики навистина можат да го продолжат животот, пренесува МБГ.

Advertisement