, Image: 10614751, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: yes, Credit line: Profimedia, Jitka Saniová - ČIF

Црна магија е форма на магија што користи зли сили. Се користи со зли намери и најчесто предизвикува штета на било кој начин. Се смета за темната страна на магијата – ова е една од дефинициите. Сите сме чуле по некоја приказна наводно од блиски луѓе и секогаш приказната е прераскажана како вистина која се случила на некој во кој имате доверба. Приказни има многу – докази не баш.

Потребно за да се направи црна магија се лични предмети, кои се поврзани со една личност , како што се нокти, коса, облека , земја од дворот или гробот, слика на личност, па се поврзуваат со памукчиња, коса, со некоја боја или други чудни комбинации.

Овие објекти се носители на лични астрална енергија, која се ‘уште живее. Нарачателот добива некој спремен предмет – кој мора да е ставен во близина на жртвата.

Кошмари, несоница, хроничен замор , тежина во нозете и рамената, вртоглавица , промени во температурата на телото , забрзан раст и пад на притисок , знаци се дека магијата пробиле низ ѕидот на свеста, и работи на физички план .

Advertisement

Црна магија работи најсилно во руралните области и малите градови , особено ако куќата е постара. Во урбаните области, поради присуството на голем број на енергиии, магија има помалку.

Ако лицето кое е жртва на магија, живее во градот , но емотивно е врзан за родното место , магија би била силна , ако не е врзан , тогаш магијата е тешко да дојде до жртвите, особено ако тие живеат во друга држава.

Најголемата замка на магија е кога жртвата ја обвинува црната магија за сите негови проблеми – Магијата неможе да влијае доколку духот на жртвата е силен, пишува во Dion Fortune ” Психичкaт самоодбрана “

Некои се цврсто убедени дека нешто сепак постои додека други категорично тврдат дека станува збор за измислица со цел полесно да се манипулира со умот на наивните. Колку пати до сега некој продуховен „гледач“ ви рекол дека не се согласувате со сопругата или пак децата ви тргнале по лош пат бидејќи некој близок ви направил црна магија?

Најверојатно во нашето секојдневие ова ви звучи како добро позната реченица. Во најголемиот број на случаи тоа е смислена фраза за некој да извлече пари од вашиот џеб со цел да ве „спаси“ од несреќата.

Сепак, без разлика дали е вуду, арапска или било која друга магија, сите сакаат да знаат дали навистина функционира. Оваа книга вели – магијата им успева на оние кои цврсто веруваат во неа. Па, така ако со сета своја енергија посакате нештата во вашиот живот да тргнат во нагорна насока треба да верувате и тие ќе почнат како што се вели да се „отвораат“. Но, ако слепо се водиме од оваа логика што да кажеме за сите оние кои со сета душа ни посакуваат лошо?

СЕПАК НЕ ПОТПАЃАЈТЕ НА ЛАЖНИ ИСЦЕЛИТЕЛИ, ЛУЃЕ КОИ НАВОДНО ОСТРАНУВААТ ЦРНА МАГИЈА ЗА ПАРИ – НИТУ ЌЕ ВИ ПОМОГНАТ, НИТУ ЌЕ ВЕ ИЗЛЕЧАТ САМО ЌЕ ВИ ГИ ЗЕМАТ ПАРИТЕ. според сите книги самопомошта, силниот дух, вербата, молитвата се доволни за човек да се чуствува комплетен и задоволен.

Оние кои веруваат во магии велат дека знаците се следни..

  • Кога на лицето ќе ви се појават пигментни флеки и други видливи кожни дефекти, и покрај тоа што анализите на крвта ви се добри.
  • Кога жената не може да остане трудна, без да има медицински причини за тоа.
  • Кога човек без причина, нагло слабее или нагло се дебелее.
  • Кога млада жена излегува со мажи редовно, но се се случува така, врската да прекине, и таа никогаш да не се омажи.
  • Кога не ви се допаѓа да се гледате во огледало.
  • Кога лекарите даваат најразлични дијагнози, но нема никаков ефект од лечењето.
  • Кога едната зеница е поголема од другата.
  • Кога ќе се чувствувате како да се наоѓате во замка од која нема излез, и се ви оди наопаку.
  • Кога немате желба за работа, желба за излегување, кога немате желба за живот.
  • Кога во вашиот дом има многу мравки, додека кај соседите нема.
  • Кога не ве сакаат и ве напаѓаат домашни животни.
  • Кога на сон ви доаѓаат демони, страшни духови, или сонувате кошмари.
Advertisement